Политика за враќање

Неисправни или погрешнo испратени производи може да бидат вратени според условите на нашата Политика за враќање.

Доколку примите несакани производи или производи што сте ги нарачале по грешка, тогаш истите може да ги вратите по што ќе ви биде издадено финансиско одобрение. Пакувањето треба да биде во иста состојба какво што било кога производот бил доставен и не треба да биде отворено. Доколку примите производи кои не сте ги нарачале и не се наведени во издадената фактура, но сакате да ги задржите, информирајте го продажниот агент на V-TAC за да добиете потребен документ.

Ве молиме погрижете се да приложите пропратно известување со детали за вашето име, референтен број на нарачка, поштенска сметка, проблем(и), посакувано дејство, т.е замена или враќање на средствата.

Ве молиме не заборавајте да ги прочитате сите услови кои важат при враќање на производ кои се наведени подолу.

За неисправни производи:

  • Во пок од 14 календарски дена од испораката, ние нудиме избор за замена на производот или рефундирање на средстава (без поштарина).
  • Во рок од 2 години од испораката, ако има дефект со вашиот производ, ние нудиме брза поправка, замена или рефундирање на средствата.
  • За да се задоволи условот за рефундирање или замена, неисправниот производ мора да биде без дефекти предизвикани од несреќа, надворешно влијание или несоодветна употреба.
  • За да се задоволи условот за рефундирање или замена, неисправниот производ мора да биде без дефекти предизвикани од несреќа, надворешно влијание или несоодветна употреба.
  • Ние го тестираме секој артикл што ни е вратен, откако ќе го добиеме ќе биде прегледан и тестиран во нашиот тест центар.
  • Замена или враќање на средстава ќе бидат одобрени доколку се октрие дефект.
  • Во случај да не е достапна замена, алтернативен производ ќе ви биде понуден или ќе ви биде издадена кредитно одобрение, или во одредени случаеви ќе ви биде понудена целосна рефундација на средствата.
  • Сите поштенски трошоци за замена на производи, поправки во или надвор од гаранцијата ги плаќа Клиентот.

Ако нашиот центар за тестирање не може да најде грешка, производот ќе ви биде вратен.

За оштетени производи:

  • Забелешка: Ве молиме проверете дали производите имаат механички оштетувања пред да пријавите кај надлежната личност. Доколку имате одредена забелешка, ве замолуваме истата да ја забалежите во листот за примање на производи. Само на овој начин важи гаранцијата. Доколку потпишете документ за достава без да ги проверите производите и подоцна воочите одредени оштетувања и пријавите, можно е да не се заменат истите.
  • Ако некој производ пристигне оштетен, ве молиме контактирајте го нашиот продажен тим во рок од 3 календарски дена од испораката.
  • Оштетените предмети кои нема да се пријават во рок од 3 календарски дена нема да бидат одобрени за замена.

За неисправни производи:

  • Ако производите испорачани од V-TAC не се она што сте го нарачале или испорачана е погрешна количина, V-TAC нема да сноси одговорност доколку не го контактирате нашиот продажен тим во рок од 3 календарски дена од приемот на производот.
  • V-TAC не сноси одговорност кон вас за каква било индиректна или последователна загуба или штета што произлегува од каков било проблем доколку не се испочитува горенаведеното правило за известување во рок од 3 календарски дена по извршена испорака при што V-TAC нема да има одговорност да изврши доплата по кој било друг основ, освен да ви го врати износот платени од ваша страна за испорачаните производи.
  • Меѓутоа, ништо во оваа состојба не е наменето да ги ограничи сите права што ги имате како потрошувач, ниту според важечкиот локален закон.
  • Сите вратени производи ќе бидат прегледани и доколку нашиот тим не утврди никаква штета или дефект, ние го зачувуваме правото да одбиеме замена или надомест за производот.
  • Ако не сакате да го задржите производот и доколку не е отворен и користен, можете да побарате истиот да биде вратен во рок од 7 календарски дена од купување и да побарате надомест за истиот. Ве молиме имајте во предив дека ние нема да ги надоместиме трошоците за поштарина при враќање на несакани производи, бидејќи нема настанато грешка од наша страна.

Забелешка: Секој вратен производ мора да биде во оригиналното пакување.

Ако со ова не пронајдовте одговор на вашето барање Ве молиме контактирајте го продажен тип на contact@v-tac.mk.

Адреса за враќање:

"ДПТУ Јакомо Техноцентар" ДООЕЛ, "Ул.32 бр.1, 1041 Илинден, 1000 Скопје, Република Северна Македонија