За нас

Ние сме V-TAC – доверлив снабдувач на ЛЕД осветлување во Европа Европскиот тим на мултинационалната компанија V-TAC, со канцеларии во Бугарија (Софија), Велика Британија (Лондон), Обидинети Арапски Емирати (Дубаи), Индија (Мумбаи), Унгарија (Будимпешта), Романија (Букурешт), Австрија (Виена).

V-TAC е регистрирана трговска марка, создадена и развиена врз основа на идејата за високо квалитетно ЛЕД осветлување. Нашата примарна цел е дизајнирање, развој и дистрибуција на сите видови LED светлечки решенија, со акцент на големопродажба и постигнување на најдобар сооднос цена/квалитет.

Компаниите кои ги произведуваат V-TAC производите ги следат стандардите за квалитет и се сертифицирани според CE/EMC, ROHS, DEKRA, GS, TUV, ROHS од акредитирани лаборатории, кои гарантираат највисок квалитет на ЛЕД компоненти, со цел создавање на најдобар краен производ.
Ново седиште & магацин

Ново седиште & магацин

Ценралниот логистички центар во Софија достигнува над 42 000 м2.
Галерија
London Stock Exchange “1000 companies which inspire Europe”
Како резултат на упорноста и непрекинатиот развој, производите на V-TAC беа наградени со прво место на 73тиот Меѓународен технички саем во Пловдив, 2017 година. Една година претходно, компанијата V-TAC се најде во топ 1000 рангирани компании на Лондонската берза, со што компанијата стана дел од високорангираните компании кои ветуваат подобрување на севкупната економија во светот.
Сите производи на V-TAC се произведуваат преку темелно проучување на нивната ефикасност и практичност со цел да се зачува животната средина и да се заштеди електрична енергија. Со зголемувањето на свеста за LED технологијата на глобално ниво, V-TAC се стреми да се најде меѓу лидерите во развојот и ширењето на оваа технологија и да ги понуди најсовремени производи.

V-TAC соработува со водечки компании со цел да ги прошири и усоврши своите производи и веќе има претставништва во Европа, Блискиот Исток и Азија и важи за една од најугледните и најсигурните брендови со одличен квалитет.

Токму поради непрекинатиот стремеж за подобар квалитет и поголема трајност, V-TAC потпиша договор за испорака на ЛЕД чипови и компоненти со SAMSUNG. Од почетокот на 2018 година нудиме нова палета на производи од серијата V-TAC PRO, произведени со SAMSUNG LED чипови кои имаат 5 годишна гаранција.

V-TAC секогаш се труди да го задржи својот професионален имиџ и да се развива како еден од водечките брендови во индустријата на ЛЕД светилки со својата неприкосновена посветеност на квалитетот и услугите кои ги нуди.

Ви благодариме за секоја минута потрошена во прегледување го нашиот веб-сајт!
Тимот на V-TAC