Политика На Приватност


Оваа Политика на приватност ги опишува видовите на лични податоци кои се зачувуваат во дата базата на ЛЕДЛАЈТ MK и начинот на кој собраните лични информации се користат.

Оваа Политика на приватност се однесува само на веб страната на ЛЕДЛАЈТ MK, www.v-tac.mk и на сите поддомени. Доколку преку нашата веб страна е обезбеден линк до други веб страни ве информираме дека ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Со самиот пристап и регистрација како Купувач на веб страната на www.v-tac.mk изјавувате дека сте запознаени и сте согласни со содржината на нашата Политика на приватност.

 

Прибирање на личните податоци

Собирањето на личните податоци се врши во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.

ЛЕДЛАЈТ МК врши собирање на личните податоци само доколку вие доброволно се регистрирате како Купувач на веб страната и ги прибира само оние информации кои се доставени од ваша страна.

 

Информации кои се собираат

Во информациите кои ЛЕДЛАЈТ МК ги собира спаѓаат: Име и презиме, Е-маил адреса, Адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.

Не се врши собирање на никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка.

 

Користење на личните податоци

ЛЕДЛАЈТ МК ги користи вашите лични податоци во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.

Вашите лични податоци се користат единствено за да ви се овозможи пристап до веб продавниците, за да се исполни и процесира вашата нарачка, за да ве информираме за нови производи и услуги кои ги нудиме и за наши маркетиншки цели.

ЛЕДЛАЈТ МК нема да ги објавиваа, продава или доставува на трета страна вашите лични податоци освен на надлежните државни органи на начин и во обем определен со позитивните законски прописи на Република Македонија.

 

Чување на личните податоци

Вашите личните податоци ќе бидат чувани не подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем.

 

Сигурност на вашиот профил

Вашето корисничко име и лозинка се основната заштита на вашиот профил.

Вашето корисничко име и лозинка се единствени и не треба да ги откривате на трети лица.

При креирање на Вашата лозинка ви препорачуваме да користите комбинација од броеви, букви и специјални знаци.

Доколку Вашата лозинка е компромитирана или се сомневате во злоупотреба ви препорачуваме веднаш да не известите и да извршите промена на лозинката.

 

Cookies

Оваа веб страница може да употребува cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на Нашата веб страна со што се овозможува побрз пристап. Преку Cookies не се прибираат лични податоци.

 

Малолетни лица

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели.

ЛЕДЛАЈТ МК не прибира или задржува информации од било кого кој што е помлад од 14 години затоа ниту еден дел од оваа Интернет страница не е дизајниран на начин да привлече било кого кој што е помлад од 14 години.

 

Сигурност

ЛЕДЛАЈТ МК ги превзема сите потребни мерки за заштита на вашите личните податоци со што ги минимизира ризиците од спречување неовластен пристап и злоупотреба.

Оваа Политика на приватност стапува на сила од Јуни 2017 година.

За сите прашања во врска со оваа Политика за заштита на лични податоци можете да се обратите на ЛЕДЛАЈТ MK преку формата за контакт или преку телефонската линија за поддршка.

Продуктот е додаден во листа на желби

Продуктот е додаден во кошничка

Продуктот е додаден споредба на продукти

Почитувани,
Успешно се пријавивте за добивање newsletter.

Почитувани,
Успешно испративте порака. Ќе ве контактираме преку внесените податоци.