Blog Image

Сè што треба да знаете за ЛЕД сијалиците

    Општо земено, сијалиците главно се категоризираат според нивната основа, форма и големина. Кодовите што се гледаат на пакувањето на кутијата на сијалиците се однесуваат на овие гореспоменати атрибути.

    ОСНОВА (ГРЛО), ФОРМА & ГОЛЕМИНА

    На пример - на сијалицата A60, буквата - во овој случај, А - се однесува на обликот на сијалицата. Обликот А е класичен облик на сијалица што е најчест облик за апликациите на GLS или General Lighting Service. Бројот што ја следи буквата го означува номиналниот главен дијаметар на сијалицата во милиметри. Значи, во случај на сијалицата A60 - таа има класична форма на сијалица, со дијаметар од 60мм. Сијалиците од серијата Ц се однесуваат на „кандела“ или светилки во форма на свеќа, кои обично се користат во лустери, ѕидни светилки и други намени.

    Серијата P & G се сферични сијалици во форма на топче за голф.

    Сериите R и PAR (Параболичен алуминизиран рефлектор) се сијалички за рефлектори или спот рефлекторски сијалиц што се користат во насочувачки осветлувачки арматури.

    Сијалиците од серијата F се големи сијалици во форма на УФО, корисни како резултат на нивниот поширок агол на осветлување.

    Од друга страна, изборот на точна основа, односно грло е многу важен, бидејќи основата (грлото) не е заменливо. Секоја основа одговара на одреден држач со кој што е совршено компатибилен.

    E27 - Вообичаено се користи во тавански арматури, столни / работни ламби или подни ламби, E27 понекогаш означен како Edison Screw  (ES) со дијаметар од 27мм.

    E14 - Вообичаено нарекувана Small Edison Screw (SES) со дијаметар од 14мм, која обично се користи во ѕидни светилки, ламби и останати светлечни тела.

     

    ТЕМПЕРАТУРА НА БОЈА, Еквивалентни вати и други важни придонеси

    Температурата на бојата на осветлувањето го креира расположението во секоја просторија и треба да биде компатибилно со неговата намена - без разлика дали станива збор за амбиентално освелување, работни простории или само за општо осветлување. Стандардната температура на бојата се движи од 2700K / 3000K топло бело, 4000K дневно бело, се до 6400K ладно бело. Единицата Келвин се користи за мерење на температурата на бојата на светлината. Колку е помал бројот, толку е потопла бојата.

    LED светилките користат помалку моќност, но даваат повеќе, или исто излезна светлина како традиционалните сијалици. На пример, оваа сијалица 9W A60 има еквивалентна моќност од 60W. Ова значи дека емитува иста светлина како и 60W, само што користи далеку помала моќност од само 9W. Ова исто така покажува колку ефикасно и колку енергија се заштедува со префрлување на ЛЕД сијалици.

    Погледнете го целосниот асортиман на сијалица со повеќе облици и големини, типови на основи, бои и многу повеќе на v-tac.mk

    Продуктот е додаден во листа на желби

    Продуктот е додаден во кошничка

    Продуктот е додаден споредба на продукти

    Почитувани,
    Успешно се пријавивте за добивање newsletter.

    Почитувани,
    Успешно испративте порака. Ќе ве контактираме преку внесените податоци.