Информации за враќање


Во случај да не сте задоволни од производите, тие може да се заменат со нов производ или да се вратат во рок од 7 дена од приемот. Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница и другите пропратни документи кои се доставени при испораката во период од 7 дена од приемот на производот и вашите парични средства ќе ви бидат вратени. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметкопотврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

 

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:

 

да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.

 

Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

 

Ако производот е со одреден дефект и е во рамките на гарантниот период, купувачот треба да јави на овластен сервисен центар во согласност со инструкциите на гаранција.

 

Доколку увидите дека производот по испораката не е во исправна состојба, контактирајте не и ние ќе се потрудиме што е можно поскоро неисправниот уред да ви биде заменет со нов.

 

Вашите поплаки и незадоволства можете да ги пријавите на телефонскиот број 02 307 7577 или испратете еmail на ledlightmk@gmail.com Потрошувачот треба да го знае корисничкото име за да можеме да ја провериме нарачка.

 

ЛЕДЛАЈТ МК го задржува правото да ја менува Политика за враќање на производите и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата на ЛЕДЛАЈТ MK.

Продуктот е додаден во листа на желби

Продуктот е додаден во кошничка

Продуктот е додаден споредба на продукти

Почитувани,
Успешно се пријавивте за добивање newsletter.

Почитувани,
Успешно испративте порака. Ќе ве контактираме преку внесените податоци.